Михаилоски од трибината во Крива Паланка: Повеќе за сите е и мерката грант за млади земјоделци до 10.000 евра

Од:

Со последниот пакет антктикризни мерки опфатени се 120.000 млади лица, ученици, студенти. Но не се само овие мерки, по иницијатива на Социјалдемократската младина досега се спроведени низа клучни проекти и мерки во интерес на младите, а повеќе за сите е и мерката грант за млади земјоделци до 10.000 евра, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, на трибината „Повеќе за сите“ во Крива Паланка.

– Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади. Обезбедивме грантови за самовработување за млади лица и тоа 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма. Обезбедивме и грантови за млад земјоделец од 10 000 евра, уште една успешна мерка. Па се до последниот пакет економски антикризни мерки вреден 662 милиони евра каде издвојуваме поддршка за ранливи, но и ваучери за средношколци и студенти. Со СДСМ младите се на сигурно и со СДСМ секој добива повеќе, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски вечерва во Крива Паланка на трибината „Повеќе за сите“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски