Михаил Трендафилов-Нанче на средба со жители од селото Куратица

Од:

Синоќа во селото Куратица, кандидатот на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место. Жителите на селото Куратица побараа да се вратат месните заедници и исто така како најголем проблем го истакнаа поврзувањето односно немањето на пат кој ќе ги поврзува Општина Охрид со Општина Дебарца.

Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост на куратичани. Михаил Трендафилов- Нанче им кажа на мештаните дека не може со магично стапче да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по еден.

Средбата во селото Куратица помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?