Мигрантот хоспитализиран на Инфективно е негативен на мајмунски сипаници

Од:

Од Клиниката за инфективни болести потврдија дека е хоспитализиран мигрант суспектен на мајмунски сипаници кој вчера беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија. Мигрантот е тестиран и е негативен.

„Не очекуваме никаков драматичен развој или ширење на оваа болест. Од двата случаи, вториот е тестиран и е негативен, во тек е испитувањето на примерокот земен од првиот пациент од Кичево кој се води како сомнителен случај со мајмунски сипаници“, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на денешната прес-конференција.

„Ова не е нов ковид и нема место за паника. Здравјето е колективна и индивидуална одговорнот. Случајот од Кичево се јавил на доктор завчера, оставено е соменевање и понудено му е тестирање. Тој не го прифатил тестирањето и не се пријавил на Инфективната клиника за понатамошно лекување. Комуникација е воспоставена, разговарано е со членовите на неговото семејство. Нема закаснување и немаме законска можност да го присилиме да се тестира, ова не е болест со која следи задолжителана изолација, тоа е се уште оставено како препорака“, посочи Петличковски.

Според него препораките се дека нема мерки за изолација за контактите доколку не развијат симптоми на болеста.

„Нема место за паника. Со почетокот на симптомите личноста е заразена. Лицата со симптоми треба да се јават прво на матичен лекар, доколку тој се посомнева на болеста ги препраќа со соодветна заштитна опрема на Инфективна клиника. Досега во земјава има 3300 тестови имаме набавено за мајмунски сипаници“, додаде Петличковски

Би можело да ве интересира

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации

Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Во Македонија откриени се двајца пациенти болни од Мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Пациентот од Кичево нема мајмунски сипаници

Ана Ололовска

Карантин за сите сомнителни случаи во земјава со мајмунски сипаници

Ана Ололовска