Мигрант починал во кумановската болница, пред една недела бил најден во бессознание на улица во градот

Од:

Мигрант починал во кумановската болница, откако пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, соопшти кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски