Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Од:

Ракавиците може да дадат погрешно чувство на сигурност, затоа, миењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција отколку носењето на ракавици за еднократна употреба, се наведува во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната кој го подготвија Светската здравствена организација (СЗО) и Организација за земјоделство и храна (ФАО), а е наменет за компаниите кои работат со храна, производство и промет на храна.

Во водичот се посочува дека работниците во тие компании може да користат ракавици за еднократна употреба, но мора често да ги менуваат.

– Тие не се замена за мењето раце кое треба да го прават при секоја промена на ракавиците. Миењето раце е неопходно и кога отвораат или затвораат врати, кога ги празнат корпите за отпадоци, се посочува во водичот.

Се истакнува дека ракавиците за еднократна употреба не треба да се користат како замена за миење раце.

– Вирусот Ковид-19 може да ги загади ракавиците за еднократна употреба на ист начин како што опстанува и на рацете на работниците. Отстранувањето на ракавиците за еднократна употреба може да доведе до загадување на рацете со вирусот. Носењето ракавици за еднократна употреба може да даде погрешно чувство на сигурност и може да резултира со недоволно често миење на рацете на персоналот, пишува во водичот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски