Мицковски се сретна со Делегацијата на групата на Европската народна партија во ЕП

Од:

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, остварија средба со Делегацијата на Групата на Европската народна партија во Европскиот Парламент составена од Европратеници Андреј Ковачев, Алјоз Петерле и Туне Келам.

На средбата со Европарламентарците Мицкоски ги нагласи стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија. Во тој контекст, Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава импулс во реформските процес насочени кон реализацијата на таа стратешка цел.

Мицкоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто нагласи дека веќе подолг период се спроведува терор врз поединци заради различен политички став, но и врз целокупниот политички систем преку игонрирање на уставни, законски и деловнички норми во работењето како на законодавната, така и на извршната власт.

Соговорниците дискутираа и за одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ