Мицкоски: Зборовите на Делчев ја рефлектираат реалноста како никогаш досега

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави цитат од македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод 146 годишнината од неговото раѓање. Мицкоски наведува дека зборовите на Делчев ја рефлектираат реалнсота како никогаш досега.

„…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?…“ Делчев, камен темелникот на македонската борба за осамостојување, синонимот за борба и пожртвуваност за Македонија.
И ден денес одзвонуваат неговите зборови и ја рефлектираат реалноста како никогаш до сега.
Браќа и сестри, во секој од нас има дел од нашиот најголем идеолог, во секој од нас тлее љубовта за Македонија, тлее жарот за Македонија.
Му го должиме тоа нему, на себеси и на нашите идни поколенија.
Вечна слава“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме