Мицкоски: Заврши времето кога политичарите беа привилегирани

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави денес дека неговата партија ќе донесе крај за привилегираниот статус на политичарите.

„Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани. Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирана каста и нивните семејства. Политичарот треба да биде тука долу со народот и тоа ќе биде првата лекција која
што идните народни избраници од Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ја добијат на 16-ти јули, заедно со читанката наречена „Проект – Обнова“. Тоа ќе биде првата лекција која што ќе мораат да ја знаат. Нема веќе канцелариски политичари, туку заедно со народот ќе бидат за да учат, а тоа што ќе го научат од народот ќе треба да го спроведат“, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посетија Јегуновце и остварија средба со жителите, како дел од предизборните активности.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски