Мицкоски: Замрзнувањето на основните прехранбени продукти можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира бранот на инфлација

Од:

При денешната посета на општина Аеродром и отворањето на новиот спортски центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спречи ценовниот шок со денешната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, посочи дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира овој бран на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните. Тоа не се прави со ограничување на цената на производите, туку тоа е една од сетот мерки коишто требаше да се преземат.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ уште во април и мај нагласуваше дека Македонија ќе дојде до оваа ситуација во која што е денес поради не преземање на соодветни мерки од страна на власта. Енергетската криза е во суштина и причинител за оваа инфлаторна спирала. Кога се има влезен производ којшто два пати, три пати има повисока цена тогаш логично е и другиот производ којшто се произведува да биде поскап и логично е граѓаните тој производ што го користат да го платат поскапо.

„Инфлацијата е увозна но е и домашна инфлација. Нивните политики се погрешни, наместо да копаат јаглен и да произведуваат струја, тие се организираа картелски и пљачкаа, а тоа го прават и денес. Ќе видите од овие 4 милијарда денари, ќе видите дека 14,5 милиони евра наместо да одат за струја, отидоа за плаќање на фактурите за добавувачите во РЕК Битола и повторно заврши некое куферче таму во југоисточна Македонија“, рече Мицкоски.

Тој укажа дека од власта не треба ништо да се очекува или дека нешто воопшто ќе сменат кон подобро. За жал на крајот од денот граѓаните двапати ја плаќаат сметката еднаш кога крадат и еднаш кога се неспособни да произведат.

„Народот е најважен, тој е суверен во Македонија, а ние политичарите сме менливи и минливи. Прашањето е што ќе оставите позади вас. Власта ќе остави девастирана состојба во државата односно комплетно разурнат трул систем којшто не функционира, којшто се плаќа со човечки животи, со уништен стандард и сето тоа го прават заради лично богатење и личен интерес“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал