Мицкоски: Заев се поистоветува со функцијата-премиер, имам само чувство на гадење за ваквите изјави

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на семејство од с. Нераште, погодено од несреќата во Ковид болницата во Тетово, во врска со денешната изјава на Зоран Заев дека не планира да дава оставка по трагедијата во Тетово, истакна дека Заев се поистоветува со функцијата-премиер што во услови на загинати невини луѓе е тажно и жално, а освен дека чувствува гадење вели нема што друго да каже..

-Кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себеси ќе се интерпретира како функцијата –тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажно и е жално. Доколку тој човек не чувствува никаква морална одговорност и тоа се обиде да го интерпретира дека ако тој заминел, Мицкоски ќе бил премиер, тогаш освен она благо чувство на гадење кое во овој момент го имам, друго немам ништо да кажам, рече Мицкоски за изјавата на Заев денеска.

Во врска со истрагата за трагедијата во Тетово, Мицкоски истакна дека е јасно е дека станувало збор за болница која немала дозвола, а била пуштена во употреба без противпожарни инсталации.

-Не очекувам, додека министерот за здравство е таму каде што е и неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата , не очекувам непристрасна истрага. Многу е јасно дека објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба, не треба повеќе да се зборува, истакна тој.

Мицкоски рече дека тука треба кривична одговорност, тука станува збор за десетици години затвор за тие кое тоа го дозволиле да се случи.

-Не само што имаме објект кој нема дозвола за употреба, а е пуштен во употреба, немаме ни инсталации за противпожарна заштита во истиот, што треба истрагата да констатира повеќе, праша Мицкоски во денешната изјава.

Би можело да ве интересира

Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула