Мицкоски: Заев ништо не разбрал

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната пресконференција на лидерот на СДСМ, вели дека Зоран Заев ништо не разбрал.

„Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете.

И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, Заев не кажал ништо ново, туку само зборувал за минатото и некакви флоскули во кои никој не му верувал.

„Сака да заборавите дека 5 години е на власт и пробува повторно да го потцени народот. Кога зборува Заев за режим нека си погледне во сопствениот дом, во Куманово, притисоците за гласање во Прилеп, Велес, Сарај, Битола, за односот кон луѓето и нивните гласови како да се негова сопственост.

Заев ќе ти кажам дека народот, ние самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.

Народот е веќе обединет, но против тебе и се она што ти преставуваш во политиката. Надежта е родена, и таа ќе победи!

П.С Бидејќи гледам дека Заев има некои дилеми да одговорам, Скопје ќе работи многу подобро без централната власт на Заев затоа што ќе биде ослободено од притисоци за тендери и кражби на парите од граѓаните кои по смената ќе завршуваат за проекти и ќе бидат одлично менаџирани од Градот Скопје и новите градоначалници. А по смената на централната власт заедно со локалната, државата заеднички ќе ја внесеме во ЕУ каде и припаѓаме. На чекор од заедничката и нова иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски