А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

Мицкоски: Заев не маршира за правда, туку за уште една амнестија

by Габриела Димковиќ-Мишевска18/02/2020 - 12:4318/02/2020 - 12:44293
Share0

На прашањето за спроведување демократска изборна атмосфера во услови на техничка Влада, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, функционирањето на техничката Влада досега го оцени како нефер и недостоинствено во процесот на спроведувањето на изборните активности. Тој уште еднаш го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел да ги соочат аргументите.

Добивај вести на вибер

„ТВ-дуелот е добра алатка за соочување за време на изборите. Јас се надевам дека Зоран Заев ќе се охрабри и ќе излезе на дуел да ги соочиме аргументите за тоа дали блескаме и сме на прав пат или ѝ треба обнова на Македонија. Јас веќе реков дека имам прифатено неколку понуди и стојам на располагање“, рече Мицкоски.

Што се однесува до листите на кандидатите за пратеници, Мицкоски најави дека помеѓу први и петти март ќе се знаат имињата на носителите на листите, а не подоцна од 10 март и листатата на кандидати за пратеници.

„На листите ќе се најдат повеќето од луѓето што првпат ќе се појават на листа, но ќе има и кандидати за пратеници што се искусни заради поефикасна работа и улога во работата на парламентот“, рече Мицкоски.

Во однос на случајот „Рекет“, Мицкоски уште еднаш повтори дека институциите се на потег да го расветлат случајот и, како што рече, да ја откријат главата на октоподот.

„Jасна е ситуацијата – која е главата на октоподот во случајот „Рекет“ – и тука не треба да решаваме ребуси. Вчера слушнавме како Зоран Заев бара правда, но, најверојатно, неговиот обид за правда е барање нова амнестија. Притвореничката Јанева, за која З. З. тврдеше дека само еднаш се сретнала со него, во ПИ-мерките се покажа дека таа се среќавала со многу други луѓе блиски до Заев, неговиот брат, братучед, и тоа не биле разговори за критика за романи, туку за бизнис-зделки. Ако Јанева одела на средба во Владата, сигурно не се среќавала со обезбедувањетo, претпоставувам со Зоран Заев и дека тема на муабетот биле разговори поврзани со случаи од СЈО. Затоа, уште еднаш барам транспарентен и целосно законски процес на институциите, кои сега се на потег“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш спомена дека законите за Јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители биле донесени со кршење на процедурите и Уставот, но дека народот сфатил и на 12 април граѓаните нема да го простат тоа.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто