Мицкоски за влезот на Алтернатива во Влада: Ова е последен чин од обидот за уништување на Македонија

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека коалицијата меѓу СДСМ и Алтернатива е последен чин од обидот за уништување на Македонија. Тој смета дека најавите за нови министерства се дополнителен и непотребен трошок, за да се продолжи векот на траење на премиерот Зоран Заев.

„Ова ми наликува на последниот чин за обидот на уништување на Македонија во режија на СДСМ и Зоран Заев. Ова што се случува е прпелкање на Зоран Заев и обид да го продолжат својот век на траење на неколку недели. Срамно е ова што се случува, а политиката се сведе на трговија како на Зелен пазар, наместо да зборуваме за развој и проекти дебатата се сведува кој колку министерски и директорски добил. На крајот од денот тоа го праќа сиромашниот граѓанин во Македонија. Ова е последен чин за обидот да се уништи Македонија, а тоа да биде во режија на СДСМ и Зоран Заев“, кажа Мицкоски.

Прашан, која е силната страна во оваа коалиција, Мицкоски рече: „Па таму нема силна карика. Таму се сите слаба карика. Таму кога би имало силна карика“.

„Векот на оваа Влада зависи од тоа колку побрзо ќе се вразумат дека тие се нефункционални бидејќи се нефункционални. И фрустрацијата во оваа коалиција е огромна и тоа го гледаме преку позициите кои чинителите на оваа коалиција ги рефлектира во јавноста. Брзи избори, час поскоро, се решение“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела