Мицкоски за учеството на протестите: Ние поддржавме правда, никој не вели дека поддржуваме насилство

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше да ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека со учеството на протестите за ослободување на осудените за насилствата на „27 април“ го прави соучесник. Тој кажа дека не поддржува насилство, истовремено, барајќи на сите да им се суди од почеток.

„Изјави од аболирани криминалци и луѓе кои често поминувале низ судските лавиринти поради основано сомневање за сторен криминал како што беше оној случај кога на еден граѓанин во општината каде што беше градоначалник бараше мито по принципот ‘евро за евро’, мислам дека се помалку се коментираат и немаат никакво значење во Македонија. Она што јас како човек го поддржувам е безусловна борба за правда и безусловна борба против неправдата која овие четири години е сеприсутна во Македонија. Она кое ние го поддржуваме е правда, никој не вели дека поддржуваме насилство. Напротив, во Македонија постои судска пракса за да дел од случаите за кои има основано сомневање дека биле политички инструирани, започнуваат со повторно судење и одат од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни, од една Обвинителството, од друга на лицата кои што се обвинети. Тоа е она за кое ние се залагаме“, рече Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протести и натаму, Мицкоски рече дека за тоа ќе се зборува по Велигден и Рамазан Бајрам.

„Ако го набљудувате случајот на луѓето кои се осудени за тероризам, можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор. Ќе видите дека судијата кој ги изрече овие драконски казни е судијка кој што како да полагаше устен испит пред да стане уставен судија. Од другата страна, инспираторот и нарачатолот, ако биде задоволен, таа ќе стане уставен судија, како што стана. Ние бараме правда, ништо повеќе. И безусловна борба против криминалот и корупцијата“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори

Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

„Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство, вели Мицкоски

Мицкоски: За прв пат имаме базична инфлација во негатива, очекувам тој тренд полека да продолжи

Горан Наумовски

Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски