Мицкоски за односите со Бугарија: За танго се потребни двајца

Од:

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и одлуката на тамошната Влада да се прекине со железничкото поврзување поврзувањето со Северна Македонија.

Мицкоски посочи дека треба да се почека, бидејќи се уште не се знае дали ќе има договор или нема да има.

– Наша задача е да работиме. Сега дали ќе има договор – за танго се потребни двајца. Треба да видиме и од другата страна како функционираат, рече премиерот.

За Коридорот 8 и за однесувањето на бугарската страна, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одамна го комуницирало тоа со јавноста и дека сега дури и заклучоците на новинарите и медиумите се дека попусто ќе се трошат парите.

– Дури и вашите заклучоци се во тој стил дека за џабе е да ги трошиме парите, ама ние кога го зборевме тоа „ана види ги овие вмровциве што прават“. Е сега што правиме, праша Мицкоски.

На прашањето што ќе правиме со парите наменети за железницата, тој рече дека треба да се почека и оти не треба да се брза.

– Знаеме точно што правиме, нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на граѓаните и државата, тоа да бидете сигурни, уверува Мицкоски, кој беше на настан во Ѓорче Петров.

Министерот за транспорт Александар Николоски претходно ги објасни постапките на македонската Влада по вчерашната одлука на бугарската Влада во врска со железничкото поврзување и Коридорот 8.

Би можело да ве интересира

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто