Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

Од:

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат околу 2 800 граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски инвеститори.

Според примерот, инвестициите директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст и за локалниот екононски развој.

– Целта е годинава да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или меѓу неколкуте водечки во Европа, подвлече Мицкоски.

На состанокот со Советот, рече, се разговарало и за усогласување на глобалниот минимален данок.

– Разговаравме за единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, оние пет отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто да ги уплатат во нашиот Буџет, истакна премиерот.

Тој се осврна и на домашните инвестиции. Потсети дека наскоро од денеска на македонските компании ќе им бидат ставени на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот кредит.

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, ги пофали институциите дека забележале прогрес во однос на идеите и забелешките што им биле дадени од страна на бизнисот во изминатиот период. И тој го спомна усогласувањето на глобалниот минимален данок, кој, рече, ќе афектира 50 компании во земјава.

– Ќе мора таа регулатива да се адаптира со глобалната, подвлече Мизо и информира дека на денешниот состанок во Владата станало збор и за усогласување на царинските стапки и дополнителната хармонизација со царините во ЕУ, за Законот за странци, за добивање работни дозволи, дозволи за престој и дигитализација на тој процес, како и за воспоставување на глобалните меѓународните сметководствени стандарди.

На состанокот биле присутни околу 50 компании од сите сектори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари

Мицкоски: Филипче е континуитет на политиките на неговиот гуру Заев, за нив покачувањето на пензиите не значи ништо затоа што нивните јахти и хациенди вредат милиони

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi е симбол на нова ере, ќе ја промени државата од корен

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, но него не му е до Албанците

А1он