Мицкоски за коалицијата Заев-Ахмети: Нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи ја коалицијата помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети вели дека новата Влада ќе биде без кредибилитет, како и дека ќе има пократок рок од претходниот мандат. Според Мицкоски, следува период без реформи, со поскап живот и ценовни шокови.

„Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот.  Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Дека нивниот коалиционен партнер ‘5 пари не вреди’, и дека е ‘канцер’. А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата“, пишува Мицкоски.

Тој додава дека кога СДСМ и ДУИ велат „можеме“, тоа значи дека можат само во криминалот и корупцијата, но ништо повеќе од тоа.

„Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар