Мицкоски за интерпелацијата на Спасовски: Ќе ги поддржиме Алијанса и Алтернатива и ќе му изгласаме недоверба

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски, изјави дека опозицијата ќе ја поддржи иницијативата на Алијанса и Алтернатива за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. При тоа рече дека очекува заедно со албанскиот опозициски блок да има мнозинство пратеници кои ќе му изгласаат недоверба на министерот и тој да си замине од функцијата.

„Ќе им дадеме апсолутна поддршка на партиите од албанскиот опозициски блок, затоа што човекот е најголемиот заштитник на оваа крими коалиција која владее со Македонија во изминатите години. Имаме и свои аргументи зошто ќе ја поддржиме ова интерпелација, затоа се надевам на исцрпна дебата во Парламентот и на поддршка од мнозинството, со што ќе му изгласаме недоверба на најнеуспешниот министер досега. На човекот кој не му избега некој „џепчија“, сè што беше одговорно за криминалот во државата му избега и кој знае каде се наоѓа по Европа. И не е само тоа, има многу афери околу него, ќе имате можност да ги чуете деновиве, како што се дуплите матични броеви, за бројот на издадени државјанства и кому сè се издавале тие државјанства“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела