Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет во Собранието, најверојатно на седница во вторник, 11 март, кои ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници.

Прашан за очекувањата од исходот на седницата на која ќе се расправа за отповикување од членовите во Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми, Мицкоски одговори: „зар треба коментар на тоа што треба да правиме – се знае“.

-Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните и треба да биде изгласана таа интерпелација и на нивно место да дојдат луѓе кои ќе бидат вистински заштитници на правдата. Бидејќи излегува дека поединци судии и обвинители се последниот штит на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на скопско Марино.

На прашање дали Владата го пратила предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски до Основното јавно обвинителство, премиерот одговори дека писмото за смена на државниот јавен обвинител е пратено и смета дека „треба да е веќе пристигнато“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски