Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до православните христијани кои го празнуваат Христовото раѓање – Божик.

-Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на нашиот народ. Божиќ нè потсетува дека силата на едно општество започнува во домот, дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината ја чуваме преку грижата за најмладите, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

Во време на брзи промени и многу предизвици, овој празник, наведува тој, нè повикува да застанеме, да размислиме и да се вратиме кон вредностите што нè одржале: солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот.

-Посебно место имаат семејствата и децата. Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж. Нашата обврска е да создаваме услови во кои секое дете ќе има шанса за достоинствен живот, а секое семејство поддршка и почит. Божиќ е и потсетник за важноста на единството. Само како заедница што се почитува, се слуша и си помага, можеме да одговориме на предизвиците и да градиме стабилна, праведна и сигурна држава. На сите православни христијани им посакувам мир во домовите, здравје и спокој во семејствата и сила да продолжиме уште посилно, со одговорност и со достоинство, се наведува во честитката од претседателот на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Божикната литургија што се одржа во Соборниот храм, од каде исто го честиташе Божик.

-Христос се роди, навистина се роди. На сите граѓани да им посакам пред се здравје и среќа и мир во домот. Тоа е она што ни е потребно и тоа е она кое што мислам дека е важно во годината што следи, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски