Мицкоски за акцијата на МВР: Да не беше брифингот на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да се разбудат од зимски сон

Од:

„Дај Боже стално вака да ги саботираме и да ги инспирираме да ги завршуваат акциите, но треба да почнат од себе”, вака одговори Христијан Мицкоски на прашањето дали со вчерашниот партиски брифинг ја саботирале истрагата што ја водело МВР, а неофицијално, трае веќе година и половина. Мицкоски смета дека ако тие не излезеле со информации за новинарите, тогаш акцијата никогаш немало да биде спроведена.

„Ако ја спроведувале акцијата година дена, тогаш требало да ја спроведат. Не да почнат од службеникот, службеничката која зема отпечаток од прст или фотографира, бидејќи нив им било така кажано од некои други структури во МВР. Не можете да ме убедувате дека службеникот кој фотографира знае кој е Јован Вукотиќ, а уште помалку знае кој е Георги Андонов. Или, пак, Седат Пекер, уште помалку знае кој е Џадин Адемовски. И такви стотици лица. Во оваа држава криминалот и мафијата имаат своја држава. Колку повеќе, иронично кажано, саботираме, толку побргу правдата и правната држава ќе владеат. Да не беше брифингот на ВМРП-ДПМНЕ и да не излезевме како политичка партија, немаше да се разбудат од зимски сон”, рече Мицкоски.

Според него, на ист начин се работела и акцијата откако беа обезбедени прислушкуваните разговори и судии, за кои сторителите не се откриени.

„Исто и со случајот ‘Планина’ кој стана мала висорамнина? Нè убедуваа дека не знам што правеле, а во суштина се играле џамлии и луѓето ги вознемирувале. Криминалот е во врвот на власта. Колку побрзо расчистиме со овие луѓе толку побрзо ќе имаме правна држава. Сè друго е растурање пердуви и приказни за мали деца”, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

На 11 мај продолжува судењето за „Двојник“

Ана Ололовска

Две години и пет месеци затвор за една од обвинетите вработени во МВР која призна вина во „Двојник“

Ана Ололовска

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Ана Ололовска

Андонова: Во очекување ќе бидеме и на следно признание на вина во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за случајот „Двојник“

Ана Ололовска