Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Од:

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од отприлика 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-тина милиони евра и повеќе, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Со едно домаќинско работење и со би рекол вешто реструктуирање на овој долг тој ќе се намали многу брзо за две милијарди, слушнавте и од самиот директор. Што значи дека ќе дојде на некое, би рекол подносливо ниво од 3 милијарди, но треба да се спушти уште повеќе и правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата да дел од тие долгови бидат и по тој пат вратени назад.

Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните. Како Влада ќе останеме посветени на поддршка и на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување. Интересот на граѓаните е пред и над сѐ и јас лично со оваа моја денешна посета сакам само тоа да го потврдам и да честитам на Фондот, на менаџментот на Фондот, на Министерството за здравство што за вака кратко време успеаја да се консолидираат и да ги земат работите, што се вели народски, во свои раце и да вратат околу две милијарди денари, што е нешто коешто досега не се случило, ако се има предвид дека, како што кажа самиот директор, во првата половина од годината, тој долг е зголемен за цела една милијарда. Па сега вие можете да замислите со какви цели биле тие пари и каде биле употребувани.

Така што еве посакувам уште многу убави вести, па до година да зборуваме за долг нула, на тој начин ќе обезбедиме и тековно сервисирање на обврските. Со тековно сервисирање на обврските и цените ќе паднат, ќе значи помалку расходи, повеќе приходи и на тој начин ќе можеме да на граѓаните им понудиме дополнителни услуги здравствени коишто тие ќе можат да ги користат“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски излажа за „Алказар” – Македонија ќе ги распродава природните ресурси на странци и ќе нема никаков ќар

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски

Информациите дека наводно Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата