Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.

– Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота. Водици носи и силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок. Осветувањето на водите и фрлањето на крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж!, стои во објавата на Мицкоски на Фејсбук.

Овој голем ден, како што наведува, нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе.

– Во овие моменти, луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно. Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството. Нека Богојавление – Водици ни донесе духовна сила, трпение и мудрост! Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро! За многу години!, наведува премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски