Мицкоски: Враќањето на таблите кои Заев ќе ги менува ќе бидe една од првите историски грешки кои ќе ги исправиме

Од:

Враќањето на таблите кои Заев ќе ги менува ќе бидe една од првите историски грешки кои ќе ги исправиме – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи. Реакцијата на Мицкоски доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека е подготвен да се согласи на таблите на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ зборот бугарски да биде отстранет.

„А, јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки. Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме“ – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ