Мицкоски: Во моментов не гледам причина за лидерска средба, но ќе размислам на темата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто.

-Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не гледам причина за такво нешто, ако гледам објективно, рече Мицкоски при неговата посета во Општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на парламентарни политички партии.

– Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна, рече Илиевски на прес-конференција.

СДСМ, како што кажа, цврсто верува дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред.

Би можело да ве интересира

Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед вели премиерот

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

Мицкоски: Внесувањето на неколку стотини граѓани во Уставот не е проблемот, проблемите допрва следуваат

За „новогодишната кошница“ нема владина одлука, намалувањето на цените е со компромис и нема да има казни

Мицкоски за Дамева: Секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине

А1он

Мицкоски од Брисел: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно за државата и граѓаните

А1он