Мицкоски: Во Македонија не владее правото, тоа го потврдува назадувањето на World Justice Project

Од:

„Зошто македонските граѓани имаат чувство дека во Македонија не владее правото, туку владеат политичките елити на владата на ДУИ поддржана од СДСМ? Одговорот на прашањето ќе го добиеме со едноставна споредба на индексот на владеење на правото во 2015 година и 2022 година, изработен од World Justice Project (WJP)“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Што е World Justice Project (WJP)?

Имено, World Justice Project (WJP) е меѓународна организација, дел од граѓанското општество, многу влијателна и има цел да работи на јакнење на владеењето на правото во светот. Како резултат на работата на (WJP) еднаш годишно се објавува индексот на владеење на правото, кој претставува алатка за квантитативна анализа до кој степен земјите во светот се придржуваат во владеењето на правото во пракса.

Македонија во 2015 година била на 44 место, а во 2022 година 63 место. Во Македонија со оваа влада нема владеење на правото. Владата не може да решава проблеми, затоа што оваа влада е проблем.

Имаме план, знаеме како да го вратиме владеењето на правото, а не владеењето на малкумина политички измамници. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски