Мицкоски во Карпош: Никој не извршил упад во правосудниот систем, како што го прави тоа Заев

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва бил во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде остварил средба со голем број на членови и симпатизери на партијата, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на средбите тој го коментирал последниот скандал со прислушувањето на обвинителството и судството кое, како што тој тврди, се случувало во време на министерувањето на Спасовски и целиот период од владеењето на премиерот Заев.

Од Центарот за комуникации посочија дека Мицкоски на своите сопартијци им посочил дека никој во историјата на Македонија не извршил таков упад во правосудниот систем како што тоа сега го прави Заев, и сега она што се случува не е само уценето обвинителство и судство туку и нарачани и притиснати сведоци кои ќе сведочат по нарачка.

„Ние сме сведоци на нов модел на „Кацарска судство“ кое што го брендиравме и „Рускоска обвинителството“, но денеска еве сведоци сме дека покрај „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе кои што сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него“, потенцирал Мицкоски пред сопартијците.

Тој истакнал дека СДСМ има две цели, од кои едната – да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување преку монтирани политички случаи. Втората цел, како што тврди Мицкоски, е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази