• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Во договорот со Бугарија не се дефинирани македонската нација и јазик

by А1он04/08/2017 - 15:32124
Share0

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно оцени дека Владата потпишала штетен договор со Република Бугарија во кој не се дефинирани македонската нација и јазик и ги повика пратениците од СДСМ да не го поддржат.

Добивај вести на вибер

– Марионетската влада на Социјалдемократскиот сојуз преку својот портпарол господинот Бошњаковски лаже кога вели дека во договорот се дефинирала македонската нација и македонскиот јазик. Или Бошњаковски не го видел договорот, што е скандалозно, а бидејќи сметаме дека го видел, испаѓа уште поголем скандал дека тој грубо ја лаже македонската јавност, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Во договорот, нагласи, никаде не се споменува или дефинира македонска нација како посебна идентитетска целина, ниту, пак, македонски народ како посебна идентитетска целина.

– Во договорот има срамна формулација „македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија“. Ваква формулација нема во ниту еден договор кој Република Бугарија го има потпишано со друга земја. Оваа потценувачка формулација се користи единствено за Република Македонија и за македонскиот јазик од што јасно се гледа дека нешто не е како што треба, односно дека не се признава македонскиот јазик како посебна идентитетска целина. Тоа е вистината, тоа е факт, и тоа е една од причините зошто е договорот штетен, а вината за оваа штета ќе ја носи исклучиво господинот Зоран Заев, посочи Мицкоски.

Тој повторно ги повика партениците од СДСМ да не го поддржат договорот.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:35

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен