(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со зголемување на старосната граница за пензионирање

Од:

„Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис.

Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари.

Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап. Постојаната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваното траење на животниот век во Република Македонија е за околу 5 години пониско во споредба со развиените земји и нема никаква оправданост за зголемување на старосната граница како услов за пензионирање. Кон ова треба да се додадат и се уште релативно лошите услови за работа во повеќе сектори од македонската економија, особено кај туридоинтензивните дејности кои придонесуваат за забрзано трошење на работната сила. Секако ваквата мерка ќе значи и помали шанси за вработување на младите луѓе, и помала компетитивност на пазарот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со зголемување на старосната граница за пензионирање, чекор кој е израз на неспособност да се менаџира со јавните финансии и тоа никако не треба да се прекрши на грбот на работниците.

Оваа криминална и неспособна мора да замине.

Верувајте Македонија има надеж“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ