(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во најголем дел од општините на локалните избори

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври. Мицкоски, ова свое тврдење, како што кажа, го заснова на бројките од последните истражувања.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Политичката академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија.

-Соработката со Конрад Аденауер продолжува и на овие локални избори. Овие неколку денови за нас се исклучително значајни. Убеден сум дека се исклучително значајни и за идните членови или претседавачите на советот онаму каде што коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори. Јас очекувам согласно бројките и последните истражувања, таа победа да биде голема и во најголемиот дел од општините во Македонија, рече Мицкоски.

Според него, искуството кое членовите на партијата ќе го слушнат денеска не само од домашните предавачи туку и од луѓето кои доаѓаат од земјите – членки на ЕУ ќе бидат дополнителен мотив за идните градоначалници и членови на совет и дел од тие насоки да ги применат во своето работење. Пред се, како што рече Мицкоски мисли на екологијата, транспаретноста во работењето, отчетноста, дигитализација.

Тој ирази надеж дека многу брзо после овие избори ќе имаме нова Влада која, според него, ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата кои што се акутна појава во нашето општество.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски повтори дека планираат да водат позитивна кампања за локалните избори и не планираат да се занимаваат со тоа колку градоначалниците на СДСМ и ДУИ се лоши и неспособни бидејќи тоа, според него, граѓаните го знаат.

-Ние сакаме на овие избори да излеземе со една позитивна кампања, кампања на надеж која што ќе понуди решенија за акутните проблеми во нашето општество, пред се тука мислам на борбата со криминалот и корупцијата, многу проекти, реализирани и остварени, отчетност, транспаретност и нормално чесна и честита работа од страна на сите, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска