Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите за осудените од 27 април

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот за Правда на уставобранителите кој ќе се одржи на 29.05.2021 година вели претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став по ова прашање. Станува збор за луѓе кои што се неправедно осудени и квалификувани како терористи. Ова е срам за судскиот систем кој дозволува тие луѓе да не можат да користат правен лек. ВМРО-ДПМНЕ не е организатор но, ќе ги поддржува протестите кои како крајна цел имаат правда, можност секој да може да ја докаже својата невиност. Нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично дело или прекршување на законите, тогаш оставаме на судските власти да судат и пресудуваат понатаму“ – смета Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?