Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е посветена на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со Мешовитиот парламентарен комитет на Европската Унија и Република Македонија.

На средбата се разговараше за евроатлантската иднина на државата, актуелните политички случувања во државата, како и престојниот референдум.

„Соговорниците беа едногласни дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата. Мицкоски ја истакна посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО што е од стратешки и државен интерес. Тој им посочи на своите соговорници дека договорот за името со Грција, ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, поради фактот што тој е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потврди и ставот дека граѓаните на Република Македонија се доволно зрели и достоинствени за самите да одлучат како ќе постапат на 30-ти септември“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажал дека актуелната влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме