Мицкоски: Власта на СДСМ владее со измами и злоупотреби

Од:

Власта на СДСМ нема успеси во ниту едно поле и владее со измами и злоупотреби. Владата нема успеси буквално во ниту едно поле. Ги слушам премиерот и вицепремиерот се фалат со гасификацијата која во реалноста целосно ја заглавија. Готов проект кој требаше да продолжат да го реализираат, а го успорија, го заглавија, гасификацијата на домаќинствата уште долго ќе се чека, потенцираше Мицкоски во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Кисела Вода.

Тој нагласи дека власта лаже за гасификацијата исто како што излажаа во 2002 кога ветија по еден вработен од секое семејство. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја напушти владата им остави готов проект за изградба на секундарната и терцијарната гасификација и имаше тендер за изградба, кој СДСМ го поништи со образложение дека нечинел, за дури по две години велат ќе се формира комисија за распишување на тендер за изградба на секундарна и терцијарна гасификација или со други зборови не вратија во почетна фаза. Истото тоа што беше во завршна фаза пред две години сега е во почетна фаза. Не само што сме изгубиле две години, туку прашање е дали сега во овие околности ние навистина ние ќе најдеме некакво инвеститор кој што е подготвен да инвестира во еден вака сложен проект кој што ќе го менаџира ваква неспособна, посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека и да се случи чудо да и да почне оваа власт да работи како што досега не работеле, дури ни за 4 години нема да може да постои домаќинство кое ќе има можност да го користи гасот како енергенс.

Од овој момент под услов денеска се смени се во капацитет на владата и да одлучат само на тоа да се посветат во следните 4 години нема да пости домаќинство кое што ќе има можност да го користи гасот, односно гасот да го користи како енергенс. Загубено време и непоправлива штета поради нивната неспособност, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите