Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија.

-Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се неуспешни и потоа Владата ќе именува, изјави премиерот Мицксоки во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе именува повереници во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово Ростуше каде не беше постигнат потребниот цензус за излезност на локалните избори.

Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, Изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски