А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Владата ќе застане зад договорот за минималната плата

by А1он29/12/2025 - 13:2629/12/2025 - 13:27223
Share0

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Нашиот став во однос на минималната плата сме го кажале, ќе го повторам, нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 000 вработени, а државата има 705 000 вработени. Значи тие 600 000 ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себичќно, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние велиме ние сме Влада којашто во рамките на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Така што секој договор што тие ќе го постигнат си стоиме на ставот дека ние како Влада ќе го поддржиме. Така што тука не би имал многу што да додадам, рече Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во делот на статистиката, додаде премиерот, Евростат е единствена релевантна институција во Европа којашто вели дека потрошувачката кошница во земјава е најниска во Европа. Истакна дека ако ја споредиме со потрошувачките кошници во регионот е далеку пониска, на пример со Албанија, со Бугарија, со Грција, со Србија итн. или ако некој европски просек е 100, потрошувачката кошница кај нас е на ниво под 75.

Мицкоски посочи и дека Евростат има објавено за првата половина на годината куповната моќ на минималната плата колкава е, анализирани се 27 земји во Европа кои имаат имплементирано минимална плата.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Ние се наоѓаме на средината и сме далеку поконкурентни од Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија итн, и сме рамо до рамо со Грција. И единствена земја која споредено со прва половина 2025 со прва половина 2024, куповна моќ на минимална плата има зголемување. Кај сите има или стагнација, или намалување. Ќе се појават коментатори на социјални мрежи кои што ќе го исмејуваат ова што го кажувам, но тоа се факти што ги објавува Евростат. Имаме избор, дали да веруваме на Тевдовски, Поповски и Јовановиќ, министри во владата на СДСМ за финансии кои ја прават минималната потрошувачка кошница, или на Евростат. Граѓаните треба да изберат на кого ќе веруваат, јас само ги цитирам Евростат и јас верувам на Евростат, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Клиниката.

mickoskiminimalna plata

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски01/11/2026 - 14:1301/11/2026 - 14:25

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 17:44

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

Горан Наумовски28/10/2026 - 14:37

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски28/10/2026 - 11:5928/10/2026 - 15:19

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Горан Наумовски26/10/2026 - 13:49

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео