Васко Ковачевски подолго време не е во државата. Очекувам брзо да денес да биде обезбеден пред правдата и сите да дадат одговор за овие основи на сомнение, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за акцијата на ОЈО и МВР во која се уапсени неколку поранешни раководители на ЕСМ и РЕК Битола.
-Од информациите кои ги имам и сум запознаен од страна на МВР, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, за кои постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност. Бевме обвинувани дека многу малку органите на прогонот превземале чекори во насока на обезбедување на лица кои се организирале или индивидуално постојат сомневање дека сториле криминал. Ние баравме трпение бидејќи мора да имаме јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба, а тоа се обвинителството и судството. Таму се уште постојат структури кои се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата. Како да гледам полека во последно време, се повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на кои претходно им слугувале, додаде премиерот и нагласи:
„Немаме намера циркуз и естрадата да правиме од овие работи. Правдата секогаш победува на крај“.
Нагласи оти е свесен дека тој како премиер и Владата изминатиот периоод од јавноста биле обвинувани дека органите на прогнот прават малку за справување со лица осомничени за криминал, но додаде дека тие барале трпение, бидејќи е потребно да се почитуваат процедурите, а потребна е и соработка на двата клучни столба – обвинителството и судството.
-Знаете, таму се уште постојат структури коишто се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата, нешто кое што претставува наш генерален проблем, но некако како да гледам полека во последно време се повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на коишто претходно им слугувале и се надевам дека така ќе продолжат и во периодот којшто следи, а вас како новинари, како јавност ве повикувам будно да следите, бидејќи сето она кое што го зборувавме, а за кое што постоеше основано сомневање дека е сторен криминал без разлика дали е тоа индивидуално или организирано ќе и биде на јавноста познато и сите докази во една транспарентна постапка ќе и бидат на јавноста обезбедени. Јас многу пати реков и во минатото дека ние циркус од овие работи нема да прави. Еве, ние немаме намера естрада да правиме од сето ова, правдата е спора, но правдата секогаш победува на крај и овој пат ќе победи, истакна Мицкоски.