Мицкоски: Треба да победуваме ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска

Од:

Борбата дома е борба којашто ние ќе ја водиме, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија и тоа го правиме откако сме избрани како Влада, но таа борба за еден од нај малубројните народи во Европа, не е доволна. Треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои. Ова го напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на неговиот Фејсбук профил.

– Затоа е многу важна врската којашто ја има татковината со Македонците надвор, да продолжи да се засили да биде уште посилна и да биде на повисоко ниво. Затоа сакам да ве убедам и покрај сите предизвици дома и покрај сите предатори коишто не сакаат Македонија да биде успешна и да успее и внатрешни и надворешни, оваа Влада, оваа генерација ќе ги потврди Илинденските идеали и ќе го продолжи делото на Илинденците за суверена, независна и демократска Македонија којашто ќе биде најбогата на Балканот!, порача преку Фејсбук премиерот Мицкоски, кој е во посета на САД.

Претходно тој објави дека ја посетил црквата Св. Никола во Њу Џерси.

– Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност