Мицкоски-Суомалајнен: Политичкиот прогон врз опозицијата не придонесува кон решавање на процесите кои се во застој

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес оствари средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалајнен.

На средбата се разговараше за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за Република Македонија.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да донесат подобрување на квалитетот на животниот стандард и таквата конструктивност е базирана на принципиелни и разумни основи.

Мицкоски како сериозен проблем го посочи политичкиот прогон кој го врши власта врз опозицијата и дека тоа воопшто не придонесува кон решавање на општествените и политичките процеси кои се во застој.

На разговорите беше посочено дека пратеничката група на партијата нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција.

Мицкоски исто така кажа дека за да се забрзаат интеграциските процеси на државата потребен е дијалог со владата, а самиот процес е двонасочна улица на исполнување на обврски и одговорности.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека постои загриженост околу реформскиот процес и под знак прашање се доведуваат економските параметри а со тоа и недостаток на капацитет кај оваа влада да ги реализира започнатите реформи посочи Мицкоски“ се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито