Мицкоски: Состојбата е алармантна, мора да има промени

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, со свечен настан на Кејот „13 Ноември“ кај Камениот мост, ги одбележа 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и јубилејот, 130 години ВМРО. Настанот насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, го организираше партискиот Патриотски институт „Гоце Делчев”.

Чествувањето почна со интонирање на партиската и државната химна, како и со изведба на народни песни и ора, по што, пред присутните, се обратија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов.

Мицкоски потенцира дека делото на револуционерите мора да се почитува, но и да продолжи преку спроведување на мисијата и целите за демократска и просперитетна држава. Земјава денес, како што истакна, е исправена пред многу предизвици, а состојбата е „потполно алармантна и на повеќе полиња катаклизмична“. Тој обвини дека денешниот празник „срамежливо се одбележува од официјалните власти“, како и дека „оваа власт си поигрува со се што е наследено“.

Се осврна и на владеењето на правото кое мора да биде, напомена, неселективно, но зборуваше и за идните активности на партијата.

Пораката на Мицкоски беше дека мора да има промени.

-Денес се празнува почетокот на организираниот отпор на македонскиот народ кој низ жестока битка ја донесе слободата што ја живееме денес. Прашуваат што е толку свето во тие идеи, зошто толку се поклонуваме пред овие настани, херои и паднати животи? Затоа што во срцето на таквиот конпцет секогаш била, е и ќе продолжи да биде Македонија. Но, денес, мисијата и целите не се завршени. Дел од тие цели – како да се брани наследената слобода, утврдениот идентитет, како да се направи отпор кон туѓите пропаганди, се се уште актуелни и денес. Имаме и поинакви цели кои мораме да ги сработиме. ВМРО е традиција која обврзува, мора да се избориме за иднината која доаѓа. Состојбата во Македонија е потполно алармантна и на повеќе полиња катаклизмична. Не се предизвик само ударите по идентитетот, туку и ударите по џебот на народот. Гладот и сиромаштијата се уште поголема закана за иднината на Македонија. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600 000 луѓе кои ќе живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80 000 граѓани, а со 150 денари 600 000 граѓани, рече Мицкоски.

Според него, ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја, никако не можеме да одиме напред.

-ВМРО секогаш обединувало – леви и десни, сиромашни и богати, интелектуалци, земјоделци, работници. Организацијата била поголема од секој поединечен интерес. Денес, никој нема право да става рака и да присвојува делови од неа, прикажувајќи ја како исклучиво своја, особено не некој од соседите, ниту некој однатре смее да фрла стигми и да развива стереотипи. И тогаш кога делувала жестоко, ВМРО имала крајна цел – слобода на Македонија. Чувството кое сакаат денес да го наметнат на мал и обесхрабрен наорд, на луѓе кои мора да молат за својата иднина, е само сликата со која сакаат да го скршат нашиот непоколеблив дух кој победувал многу поголеми предизвици. Но, организацијата е жива и нејзините цели се живи, а сите ние, не само што се поклонуваме на тоа дело, туку имаме и обврска да го продолжиме само поради Македонија, порача Мицкоски.

Тој потсети дека Питу Гули загина на 38 години, Гоце Делчев на 31 година, а животот на Христо Узунов згасна, како што нагласи, на 27 години.

-Со мачнина гледам кога ваква македонска историска драма од која речиси секој сосед сака да приграби малку, малку срамежливо се одбележува од официјалните власти. Не се работи за некоја голема промисленост или стратегија, туку за ситнодушност која не им дозволува да видат дека ВМРО е на секој Македонец. Тоа нивно однесување не е репер, зашто тие и од асномското партизанско движење се откажаа. Оваа власт тотално го заборави и маргинализира и си поиргува со се што е наследено. Кога дојдоа на власт и се колнеа во слоганот „Нема правда, нема мир“ кој не само што не го спорведоа, туку и самите го испоганија, воведоа колетивно беснило и лудило на деструкција. Денес ќе бевме многу посреќни ако изградеа уште театри, музеи и ако отвореа фабрики. И не е само тоа, таа автодеструкција која боли, туку и молчењето пред претензионистичките изјави со кои удираат пред нашите идентитетски основи кога од соседите сакаат да ни приграбат се што нам ни е свето, а власта молчи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со владеењето на правото, оваа Влада, рече, ја елиминира правдата со неправда. Според Мицкоски, „во земјава нема вистинска одговорност и последните 30 години не одговарал ниту еден бандит кој се збогатил на грбот на народот“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов