Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.

– Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици – објави на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски.

Двајцата премиери треба да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Претходно, со свечена церемонија премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ на охридскиот аеродром.

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност – напиша Мицкоски по пречекот на неговиот хрватски колега.

За време на престојот на Пленковиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сегашната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе изградиме систем во кој сите ќе бидат еднакво вреднувани

Мицкоски со порака до ЕУ: Македонија нема да прифати нови блокади

Горан Наумовски

Пленковиќ: Македонската Влада добро напредува кон ЕУ

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади