Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Од:

Се следи случајот. Има нови моменти, но да не навлегуваме за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, истакна денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски прашан за случајот „Мазут“.

-Од блиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен. Има жалба на одлуката на обвинителството од страна на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам е дека случајот е прераспределен во рамките на Вишото јавно обвинителство. Не би сакал да коментирам повеќе за да не бидам погрешно сфатен дека влијаеме како Влада врз одлуките и на Обвинителството и на судството. Тоа што го очекувам, веќе го кажав одговорот на претходното ваше прашање. Но, она што е значајно е не само јавноста, туку и ние одблиску го следиме тој случај. Министерот за внатрешни работи имаше едно интервју на кое што кажа дека има нови моменти, има нови докази. Да не навлегуваме за да не го уништиме случајот. Да почекаме Обвинителството, а потоа доколку се оформи судски процес, и судовите да го кажат последниот збор – рече премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата