Мицкоски: Случајот со пратеникот Петрушевски ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан за пратеникот Бране Петрушевски, кој беше осуден за изречен став на собраниска говорница потенцираше дека судија кој ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој што се чувствува дека бил навреден.

-Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу едноставна работата, неговиот колега кој што се чувствува дека бил навреден е добар судија со тој судија кој што ја изрекува оваа казна претпоставувам и тој наредува, овој испорачува без притоа да се води сметка за Уставот, за имунитетот, пресудите во Стразбур од Судот за човекови права и така натаму, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со случајот со пратеникот Петрушевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ оваа работа ќе ја истера до крај односно се додека овој судија не биде разрешен.

-Како ВМРО-ДПМНЕ овој процес ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако он носи ваква нестручна, антиуставна и антимеѓународното право пресуда тогаш можете да замислете уште колку нарачки може да добие по нечија наредба и колку нарачки може тој да досуди, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат