Мицкоски се сретна со Ромео: Економската состојба во државата е влошена

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија.

„Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон кој се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети, членството во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, напоменувајќи ги големиот број на афери и сомнежи за злоупотреби на власта на штета на граѓаните.

На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија како и значењето на поддршката која Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски