Мицкоски се сретна со словенечкиот амбасадор и се пожали дека Македонија назадува, наместо да оди напред

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец.

На средбата Мицкоски изразил загриженост од фактот дека Република Македонија не само што не оди напред, туку и назадува во поголем број области.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, двајцата соговорници разговарале и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го запознал амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања, со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите права со политичкиот терор кој го спроведува власта.

Мицкоски пред Јазбец говорел и за лошата економска состојба, која, како што посочил е предизвикана од лошите економски политики на Владата кои се повеќе им штетат на граѓаните.

Од страна на Мицкоски било констатирано дека добрите односи со Република Словенија треба да се негуваат и унапредуваат. Исто така беше потенцирано дека на Република Македонија и се неопходни искуствата на Словенија во евроатланската интеграција.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски