Мицкоски се сретна со претседателите на општинските комитети: Стандардот на граѓаните е загрозен

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот беше разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици. Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд.

Беше посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието. Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инсттуциите станува основно средство за дејствување на власта.

Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, екононскиот сектор.

Беа разменети мислења и ставови во однос на понатамошното делување, притоа беше заклучено дека ќе се продолжи со процесот на транспарентно одлучување за сите одлуки од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер