Мицкоски се сретна со коалиционите партнери: Премиерот и владата немаат монопол над носењето на решение за спорот за името

Од:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари работен ручек со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата за Подобра Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и во однос на процесот за изнаоѓање на решение за името со кој раководи владата на Република Македонија.

Заедничка беше согласноста дека Владата не споделува информации и процесот на преговори за името го води на максимално нетранспарентен начин што одава впечаток дека се крие нешто од очите на јавноста.

Токму затоа произлегува потребата од лидерска средба на која премиерот и министерот за надворешни работи би информирале за детали околу разговорите за името.

Воедно беше постигната заедничка согласност дека премиерот и владата нема монопол над носењето на решение за вакво чувствително прашање кое ги засега сите граѓани на Република Македонија.

На средбата се изрази и загриженост за економската состојба која постојано се влошува и изневерените очекувања на граѓаните. Државниот и јавниот долг постојано се зголемува и достигнува рекордно ниво, а граѓаните не живеат подобро.

Коалициските партнери изразија и загриженост за политичкиот терор кој го практикува власта, базиран на страв и владеење со уцени и заплашувања. Нема ниту напредок на патот кон Европската Унија и НАТО наспроти ветувањата на владата за откочување на процесите“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито