ВИДЕО: Мицкоски се потпиша на петицијата против Законот за пазарите

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се потпиша на иницијативата за поддршка на пазарџиите.

Тој беше во посета на Зелениот пазар во придружба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и разговараше со неколкумина пазарџии околу Законот за пазарите. Мицкоски им вети дека како опозиција ќе направат сѐ што можат за законот да се повлече, а не да се стопира.

Пазарџиите се жалеа дека мора да се најде начин да се спречи Законот. Ги повикаа министерот за економија, Крешник Бектеши, и другите надлежни да дојдат некој ден и да застанат на нивно место.

„Ќе му дадам на Екрем три пара ѕиври да дојде со жена и деца и да продава цел ден“, рече еден од пазарџиите.

Тезгаџиите на Зелениот пазар од вчера покренаа петиција. Тие бараат целосно укинување на Законот и изработка на ново решение. Во Собранието од понеделник ќе биде поведена постапка за одложување на примената на Законот за од 1 јануари следната година.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус