Мицкоски: Се надевам дека во најскоро време пожарот во „Јасен“ ќе биде ставен под целосна контрола

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, констатира дека состојбата е под контрола и оти продолжува гаснењето на пожарот во ловиштето „Јасен“.

– Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина дека има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и ер-тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута, изјавил Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изразил благодарност до сите оние кои во овој момент се справуваат, како што вели, прилично успешно со огнените стихии.

– Имајќи ја предвид состојбата на Балканот, имајќи предвид дека веќе дел од балканските држави имаат загубено за жал и човечки животи, таква е состојбата во Црна Гора, Албанија, Грција, во Турција, соседна Бугарија. Се надевам дека ќе дојде крајот на овие огнени стихии, апелирам на однесување какво што треба во рамки на движењето по шуми, иако тоа е забрането, но од очевидци можам да кажам дека оваа огнена стихија е настаната од удар на гром, според тоа што го слушнавме овде. Сакам да упатам апел до граѓаните дека состојбата е под контрола дека се е како што треба до овој момент, иако борбата со огнената стихија овде во ловиштето „Јасен“ продолжува. И огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која ја ставаат под целосна контрола, нагласил премиерот.

Би можело да ве интересира

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски