(ВИДЕО) Мицкоски: Не молам Бога да нема избори, ајде да ја видиме довербата кон Заев

Од:

Не се плашам од избори и не молам Бога да не се случат, му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на премиерот Зоран Заев. Тој на денешната прес-конференција рече дека тој во името на ВМРО-ДПМНЕ бара уште во понеделник да се распушти Парламентот, да се формира техничка Влада, и да се распишат предверемени парламентарни избори.

„Ајде да одиме на избори и да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата, или вистинската анкета ќе му ја испорача народот. Ова не го барам само како ВМРО-ДПМНЕ, туку барам Македонија да престане да губи и да си оди еден политичар каков што е Заев“, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја повика и владејачката партија СДСМ да прифатат избори и да не се кријат зад одлуките на засрамениот Заев, рече Мицкоски.

„Излезете на избори да победи достоинствена Македонија. Јас сум сигурен дека ќе ве победиме, а СДСМ толку ќе изгуби, што не знам дали ќе може да се состави повторно како партија“, порача Мицкоски.

Одлуката за промена на името ја оцени како срамна, не водена по волјата на народот, туку како одлука на 81 човек кој кренал два прста. Мнозинството не го поддржа овој договор, вели Мицкоски и додава тоа јасно беше кажано и на референдумот.

Оваа одлука, додава лидерот на партијата против волјата на граѓните, затоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, оваа грешка ќе ја исправи. Само политичар како Зоран Заев може да се фали со новото името добиено по пат на уцени и закани.

Мицкоски тврди дека промента на името е резултат на предавство и кариеризам.

„Залудни се лажните насмевки и зарипнатиот глас од славење. Стаклената еуфорија и чаламот не го покрива срамот за името. Зоран Заев готов си“, изјави Мицкоски.

Со капитулацијата со името Мицкоски најавува капитулација во сите сфери во државата, во здравството, економијата, образованието, а рече дека ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски