Мицкоски: СДСМ имаат само демагогија, трикови и подземни коалиции, а Венко во кампањата доби засилување од Заев

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Аеродром, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека програмата е реална со рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, за разлика од кампањата на опозицијата која се темели на демагогија, трикови и подземни коалиции.

„Што дознавме од оваа кампања досега? Ние имаме програма, со рокови и проекти, СДСМ има демагогија, трикови и подземни коалиции. Дознавме дека Венко претседателот на СДСМ добил засилување во неговиот ментор, потоа дознавме дека судиите и обвинителите тие малкумина што се нивни измеќари биле професионалци, иако имаат незначителен процент доверба од граѓаните , дека си подготвуваат и се колнат во подароци од Бугарија, дека нема ништо поретко и ендемично од тоа да видиш пратеник на СДСМ на митинг на СДСМ, дека подобро било со Левица и ДУИ да се во коалиција отколку сами да одат на избори, дека Венко не го сака Бранко, но Заев не го даваат, и дека неговите истурени играчи посакуваат линчување и моја смрт – би рекол, ништо ново во СДСМ“, вели Мицкоски.

Мицкоски изјави дека СДСМ е партија со многу проблеми, која народот ќе ја казни на локалните изборите со жесток пораз и нема да дозволи Македонија да биде заложник на нивните внатрепартиски борби.

„А сето ова открива дека СДСМ е партија со многу проблеми, дека се расцепкани на стотина фрагменти, затоа што раководството на партијата гледа како на компанија и инвестиција што треба да се чува затворена, и дека немаат сериозна намера да бидат алтернатива. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни жестоко на овие избори. Македонија нема да дозволиме да биде заложник на нивните проблеми и внатрепартиски борби. А овде, во Скопје, ако освојат едвај триесетина илјади гласови – тоа треба да го гледаат како голем успех. Ве убедувам дека ги чека жесток пораз, а за да тоа се случи важно е да излезете на избори и да гласате“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и заокружување на бројот 9 за иднината и развојот на Македонија.

„Ве повикувам да гласате и да го направите вистинскиот избор. Гласајте за бројот 9, гласајте за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Затоа што филозофијата на правиот избор е одредница за тоа како ќе ја конструираме нашата заедничка иднина“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Поради здравствени причини, Мицкоски изостанува од македонско-српскиот бизнис форум

Горан Наумовски

Мицкоски за „Сејф сити“: Поддржувам да се прошири низ целата држава

Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Мицкоски тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев

Горан Наумовски

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он